УХМР издаде актуелно предупредување: Од утре жолто ниво за опасност од високи температури


УХМР издаде актуелно предупредување за утре.

Утре ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури, велат од УХМР.

УХМР за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање“, стои во соопштението од УХМР.

15.08.2024 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега