Најмногу снег и најстудено ова утро во Македонија, на Попова Шапка. Измерена е најниска минимална температура од -2 степена и снежна покривка од 63 сантиметри, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Освен на Попова Шапка и во Лазарополе, насекаде низ земјава температурите се над нулата, а за денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди.

Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Exit mobile version