Демир Капија денеска беше најтоплиот град во државата со измерена максимална температура од 38,7 степени Целзиусови, покажаа официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Високи температури се забележани и во Кавадарци каде максималната дневна достигнала 38,3 степени, како и во Скопје на мерната станица Зајчев Рид со 38,1 степен.
Во Велес и Гевгелија максималната температура изнесувала 37,8 степени, додека во Струмица се измерени 37,1 степен.
Во главниот град, на мерното место Скопје-Петровец, се регистрирани 36,9 степени, а во Штип 36,3 степени.
Според податоците од 17 часот, во Демир Капија и Зајчев Рид е измерена температура од 37,1 степен, во Кавадарци 36,5, во Велес 36,3, а во Штип 36 степени.
Најсвежо денеска било на Попова Шапка со максимална температура од 22,2 степени (19,9 во 17 часот) и во Крушево со 27,5 степени Целзиусови.


