Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на официјалното промовирање на проектот „Градски воз“, соопштија од владината прес-служба.
Настанот е закажан за утре (среда, 2 септември 2026 година), со почеток во 11:00 часот.
Според планираната агенда, почетокот на проектот ќе се одбележи симболично, со организирано патување со воз од Железничката станица Зелениково до Железничката станица Скопје.
Проектот „Градски воз“ има за цел подобрување и унапредување на железничкиот сообраќај и подобро поврзување на Скопје со околните населени места.


