УХМР ги измери температурите ова претпладне во Македонија. На Попова Шапка најсвежо со 10 степени. Најтопли во 11 часот се Гевгелија и Демир Капија со 27 степени.

Во Скопје УХМР измери 24 степени во 11 часот.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на земјата. Дневните темепратури меѓу 27 и 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.

Според УХМР, во петок, под влијание на влажен бран, се очекуваат повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, со над 15 литри на квадратен метар. На одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурите значително ќе се намалат.

За време на викендот времето ќе се стабилизира. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните постепено ќе растат. Во понеделник повторно се очекува локална нестабилност со можност за дожд и грмежи.

Exit mobile version