Во Градскиот парк во Скопје денеска започна засадувањето на 60 нови садници од видовите јавор и јасен, како дел од активностите за санирање на последиците од силното невреме.
Акронимот на штетите од невремето проследено со оркански ветер опфати паднати дрвја и оштетена урбана опрема низ градот и во самиот парк.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека по вчерашната голема акција за расчистување, веднаш се преминало кон обновување на зеленилото.
Според него, новите дрвја ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот.
„И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека паралелно со овие активности, екипите на терен продолжуваат со санирање на штетите во сите делови од градот.
„Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано!“, порача тој.


