Угостителски објект во Мала Речица работел по 23 часот -уапсен сопственикот

Сопственик на угостителски објект во тетовското село Мала Речица е лишен од слобода бидејќи објектот работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости.

– На 24 октомври 2020 околу 00:40 часот во село Мала Речица-Тетовско од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ш.А.(48) од село Мала Речица затоа што неговиот угостителски објект работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости, се вели во билтенот на полицијата.

Се работи на расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа