УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката МКД е во согласност со Преспанскиот договор

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на Европското првенство, испрати протестно писмо за употребата на кратенката МКД , како и за користењето на логото ФФМ на дресовите на фудбалерите.

Во одговорот од УЕФА што го пренесуваат грчките медиуми, се наведува дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.

„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа се наведува во одговорот од УЕФА.

15.06.2021 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега