УЕФА ја казнува ФФМ поради кршење здравствени протоколи?

УЕФА би можела да ја казни Фудбалската федерација на Македонија поради можно кршење на здравствените протоколи од страна на македонските фудбалери на Европското првенство.

 

Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020. Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови COVID-19, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA).

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат изречени против Федерацијата, но нема да има индивидуални казни за играчите, пишува „Дејли Њуз“.

 

23.06.2021 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега