Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра

Наскоро почнува учебната година, а родителите мора да ги подготвуваат децата за училиште, па притоа се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.

Во моментов за да ги купите сите материјали кои ви се потребни за едно прваче, ви требаат околу 5.000-6.000 денари за разлика од пред пандемијата на ковид-19, кога трошоците беа речиси двојно помалку, односно околу 3.000-4.000 денари.

Цените на училишните материјали се зголемени за околу 50-60 отсто за разлика од претходните години пред почетокот на пандемијата.

14.08.2022 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега