Убави вести: Не очекува сончев викенд

За време на викендов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во недела, соопшти УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и тивко, со дневна температура до 17 степени. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната температура до 19 степени.

Во првите денови од следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од -4 до 4, а дневните од 7 до 19 степени.

16.02.2024 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа