Полицијата во Кочани уапси двајца жители на градот, осомничени дека стојат зад повеќе тешки кражби извршени на подрачјето на ОВР Кочани.
Станува збор за Д.С. (42) и В.З. (26), кои биле лишени од слобода вчера по претходно добиени оперативни сознанија дека се поврзани со повеќе кривични дела.
По судска наредба бил извршен претрес во нивните домови, при што полицијата пронашла и одзела предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од тешка кражба.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.


