Уапсени малолетници за предизвикување пожар
Вчера во 16.00 часот во село Кучково, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
03.09.2024 - 16:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа