Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар.
Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б.. Известен е јавен обвинител и на местото се, повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
- Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
- Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
- Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
- Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува
- Крај на приватноста на Инстаграм: „Мета“ ја укинува заштитата, вашите пораки повеќе нема да бидат тајна
- Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци
- Апсења во Скопје: Приведени седум лица
- Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово


