Уапсени двајца мажи, пукале со пиштол во Битолско
На 24.08.2024 во 22.30 чaсот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 41-годишниот П.К. од село Олевени, битолско и 43-годишниот Т.В. од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.50 часот во село Олевени пукале од огнено оружје, извести МВР.
„Полициски службеници извршиле увид и на местото биле пронајдени седум чаури од пиштолска муниција. Подоцна, од Т.В. бил одземен пиштол калибар 9мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9 мм и чаура“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
26.08.2024 - 16:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа