Уапсена македонска старлета - наместо во самоизолација била на базен
Поранешната манекенка и старлета Александра Накова-Гајдаџиев попладнево е уапсена бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, јавува „А1он“.
Порталот пишува дека Накова е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и Јавен обвинител.
-На базен во Гевгелија не придржувајќи се до одлуката на Владата и решението за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, а поради постоење на сомневање дека е сторител на казниво дело по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик, лишено од слобода е лицето А. Г (31) од Гевгелија. По комплетирање на настанот, за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична постапка, велат од МВР за „А1он“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа