Уапсен тинејџер од Струга - полицијата му најде марихуана

 

На 14.10.2024 во 20.10 часот на локален пат помеѓу струшките села Велешта и Добовјани, полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта го приведоа Б.А.(19) од Струга. При преглед во возилото „цитроен“, во кое се превезувал, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

15.10.2024 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега