Федералните агенти во Лос Анџелес го уапсија 40-годишниот Азарија Саутворт, подкастер и ЛГБТ активист, под сомнение дека се заканувал со убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, како и дека ги малтретирал неговиот личен адвокат и членови на семејството, објави „Калифорнија пост“.

Саутворт бил приведен во неговиот дом во Вестлејк откако агенти на ФБИ ја опколиле куќата и му наредиле да излезе. Тој се предал на полицијата без инциденти.

Според судските документи, тој го користел своето присуство на социјалните мрежи за објавување пораки насочени кон Трамп и неговите поддржувачи, при што обвинителите тврдат дека постојано повикувал на егзекуција на претседателот.

Во објава на Инстаграм од 7 април, според обвинението, Саутворт наведил дека отворено зборувал за егзекуцијата на Доналд Трамп, додавајќи дека американската влада е нелегитимна и надвор од контрола.

Обвинителите наведуваат дека тој зборувал за убиството на Трамп и во приватна преписка, каде во порака до познаник во јануари напишал дека доколку има можност да го убие претседателот, ќе ја искористи.

Во март објавил видео со повици за смрт на Трамп, додека во април објавил видео со монтажа каде се појавува во Овалната соба во Белата куќа зад Трамп со кренат нож. Кон крајот на видеото се слуша женски крик, по што следува реклама за неговата веб-страница за опрема на „АНТИФА“.

Во претходна порака наменета за неговите следбеници во случај да биде лишен од слобода, Саутворт навел дека со години верувал оти повиците за егзекуција на американскиот претседател можат да доведат до негово апсење.

Exit mobile version