Вчера во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварско.

Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. Исто така, тој се сомничи дека дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version