Close Menu
Press24
    Најново

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема

    13.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите
    • Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен кавадарчанецот кој со пукање и говор на омраза му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство

    Уапсен кавадарчанецот кој со пукање и говор на омраза му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство

    01.12.2025 во 15:50Updated:01.12.2025 во 16:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

    -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144, „демнење“ по член 144А и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394Г од Кривичниот законик, за што му се поднесени кривични пријави. Тој е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Кавадарци, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор – соопштија од СВР Велес.

    Претходно, синоќа, Јавното обвинителство информираше дека три лица биле обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден бил предложен притвор.

    – Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г. – соопштија од Обвинителството.

    Според обвинението, тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус.

    – Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол. Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство – споделија од Обвинителството.

    Притоа додадоа дека второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник.

    За првообвинетиот, кој имал двојно македонско и бугарско државјанство, јавниот обвинител проценил дека постои реален ризик од бегство и опасност да го изврши делото со кое се заканува, па до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднел и посебен предлог за определување мерка притвор.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.