Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

    Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

    13.03.2026 во 20:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце Делчев“, придружувани од своите наставници.

    Младите посетители со внимание ја проследија церемонијата што традиционално се одржува секој втор петок во месецот, а ја реализира Баталјонот за почести при македонската армија, како израз на почит кон знамето и државата.

    По свечениот чин, гостите ги разгледаа просториите на Кабинетот и во непосреден разговор со Сиљановска-Давкова, со голема љубопитност ѝ поставија бројни прашања со коишто покажаа завидна зрелост: за секојдневните предизвици, за активностите коишто ѝ недостасуваат поради зафатеноста со претседателската функција, за омилените активности во детството, за школувањето и професијата, но и за уметничките дела коишто го красат Кабинетот.

    Восхитена од нивната искреност и смелост, таа им укажа на важноста да бидат свои, оригинални и критични, да веруваат во силата на знаењето, да другаруваат со книгите и да си ја сакаат  татковината.

    На крајот од посетата, учениците ѝ подарија прекрасни цртежи и ракотворби, изработени со многу креативност и посветеност, а од Кабинетот си заминаа со насмевки и убави впечатоци, како што рекоа.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.