Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен функционер на ДУИ заедно со уште десетина лица

    Уапсен функционер на ДУИ заедно со уште десетина лица

    18.12.2025 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бујар Дардишта поранешен висок функционер на ДУИ и директор во неколку државни институции бил , дознава Прес24 од свои извори.
    Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одеелот за сузбивање на организоран инсериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

    По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово, неофицијални при претресите до сега се пронајдени и одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

    Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и Куманово.

    Информацијата се уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од ЈО.

    Бујар Дардишта, беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа и управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ. 

    Дардишта стана „популарен“ во јавноста откако Државниот завод за ревизија утврди дека во 2019 година кога тој бил директор на Управата биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.

    Последен пат неговото име се споменуваше за време на собирот на УЧК во центарот на Скопје каде тој беше претставник на организациониот одбор.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.