Уапсен дилер во Скопје: Ја сокрил дрогата под хауба

Денеска (29.11.2023) по претходно преземени оперативни мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода гостиварецот Б.Ј.(31), со престојувалиште во Скопје.

При контрола на патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, под хаубата е пронајдена поголема ќеса со марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

29.11.2023 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега