Уапсен арачиновец - ограбил казино, полицијата го фатила за 20 минути

 

Денес во 05.50 часот во Скопје, од страна на полицијата бил уапсен 29-годишниот Б.Д. од Арачиново. Тој се сомничи дека само 20 минути претходно во 05.30 часот ограбил казино со употреба на сила над вработен каде одзел пари од касата.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

24.10.2024 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега