Close Menu
    Најново

    Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг

    30.09.2025 во 22:02

    Пријавени жртви во земјотресот на Филипини

    30.09.2025 во 21:49

    Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп

    30.09.2025 во 21:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг
    • Пријавени жртви во земјотресот на Филипини
    • Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
    • Мицкоски од Струга: По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, еднаш засекогаш да се стави крај на криминалот
    • Лукароска: Нудиме програма со четири столбови и повеќе капитални проекти за Прилеп
    • Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома
    • Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат
    • Колев: Нов мост, обиколница и нови велосипедски патеки, го решаваме предизвикот со недостиг на паркинг места
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

    УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

    30.09.2025 во 19:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. 

    -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП за МИА. 

    Во објавата на ИРЛ беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции. 

    -Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на принципите на законитост, транспарентност и професионализам, и ќе продолжи да спроведува нулта толеранција кон секое однесување што ги нарушува овие вредности. Граѓаните можат да бидат уверени дека УЈП ќе продолжи да делува исклучиво во јавен интерес, со највисоко ниво на етика, одговорност и отчетност, нагласуваат од УЈП.

    ИРЛ во неделата објави документарен филм за пожарот во Кочани, во кој беа споменати вработени лица на УЈП на начин што упатува на непочитување на законските прописи и интерните акти на институцијата

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Тепачка на свадба: Нападната невестата и брзата помош

    30.09.2025 во 13:15

    Падна газда на продажен објект во Карпош – крадел струја

    30.09.2025 во 13:27

    Се плашам дека за 25 години ќе бидеме под 1 милион жители

    30.09.2025 во 13:19

    Полициски инспектор побарал 10.000 евра за да спаси девојче кое прегазило малолетник – Измамени сопружници од Скопје

    30.09.2025 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.