ТВ24: Тројца можни кандидати за директор на АНБ

Оливер Лукаровски, Жарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, пренесува неофицијално ТВ 24.

За дваесетина дена, премиерот Димитар Ковачевски ќе треба да бира кој од овие тројца ќе биде наследник на Виктор Димовски, кој пак треба да замине на амбасадорска должност во Париз.

Наследникот на Димовски се бира во време кога АНБ е на тапет, а поради пропуст при проверката на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, на кого му беше дадено државјанство без проверки кај НАТО сојузниците.

29.11.2022 - 17:07
Фото: 
Принтскрин ТВ 24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега