Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија, каде што ќе учествуваат во мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти турското Министерство за одбрана.

Турските летала ќе бидат стационирани во балтичкиот регион во следните четири месеци.

„Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ќе бидат стационирани од 1 август до 30 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на министерството објавено и на социјалните мрежи.

Од турското министерство дополнуваат дека овие единици директно ќе учествуваат во зачувување на безбедноста на воздушниот простор во рамките на заедничките активности за противвоздушна одбрана на Алијансата.

Балтичките земји, кои граничат со Русија, во изминатиот период регистрираа повеќе повреди на воздушниот простор и падови на беспилотни летала од почетокот на воениот конфликт во Украина во 2022 година.

Exit mobile version