Тропски ден во Македонија, следните денови температурите ќе се искаќат над 40 степени

УХМР денеска издаде аларм за опасност од високи температури.
 
Во 14 часот најтопло беше во Дојран каде беа измерени 39,5 степени, додека најсвежо беше во Попова Шапка каде беа измерени 22 степени.
 
Времето утре сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево и многу топло, соопшти УХМР.
 
Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
11.07.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега