Тројца од повредените во Кочани во критична состојба

 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција информираше за состојбата на повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Од 193 лица повредени во дискотеката, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници.

Тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.

- „Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.

Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата.

Денеска пак, се враќаат двајца пациенти – од болниците во Полска и Шведска. 

 

 

01.04.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега