(ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО) Лабораториско шимпанзо за првпат го виде небото по 28 години
Видео кое го топи срцето го прикажува моментот кога шимпанзо, кое било користено за лабораториски истражувања, го гледа небото за прв пат.
28-годишно шимпанзо по име Ванила помина многу години во заробеништво во биомедицинска лабораторија во Њујорк. Во тој објект животните се чуваат во кафези и не излегуваат надвор. Двапати била префрлена во други објекти, но до сега никогаш не била надвор.
Ванила конечно беше сместена во отворено засолниште за животни во Флорида и сега има можност да истражи површина од три хектари.
На видеото е прикажана реакцијата на шимпанзо кое за прв пат во животот може да го види целото сино небо над неговата глава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа