Странското мешање и манипулирање со информации станува се’ посериозен предизвик за демократските процеси, јавната доверба и националната безбедност. Ниту една држава не е отпорна на овој тренд, ниту нашата. Македонија како земја е изложена на различни надворешни влијанија и ризици, што ја прави особено ранлива по ова прашање. Но, дали имаме механизам како да се справиме?
Владата има креирано неформално тело кое истражува дали институциите се запознаени со терминот странско мешани и манипулирање со информации, но немаме конкретна стратегија, протоколи, ниту соодветен систем како да се справиме со оваа појава на правилен начин.
За разлика од нас, Британците можат да се пофалат со исклучително добро развиен систем кој се состои од рано предупредување на СММИ, проценка на потенцијалниот ризик, соодветен институционален одговор но и анализ на ефектот од истиот.
Експертите проценуваат дека нашата држава има способност да се справи со манипулативните појави, но потреба е институционална координција.
Тимот на Институтот за комуникациски студии подготвува и предлог – Протокол за начинот на справување со странското мешање и манипулирање со информации.
Денешниот настан собра претставници на различни институции, експерти и професоналци кои анализираа како може да се зајаке оперативната подготвеност на Владата за одговор на СММИ


