Конечно, Универзална сала почнува да се гради, соопшти на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува.
Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата.
Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е предвидено да заврши до декември 2027 година.
Ова е еден од клучните проекти во подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028 – признание што го става нашиот град на културната мапа на Европа.
Со новиот лик на Универзална сала, Скопје ќе добие современ, функционален и репрезентативен културен храм, место каде ќе се создаваат спомени, ќе се негува уметноста и ќе се слави креативноста.
Театар, концерти, фестивали и големи културни настани ќе добијат дом достоен за нивната вредност.
Универзална сала е симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотрес, место каде генерации скопјани ги доживеале своите најубави културни моменти.
Нејзиното обновување значи враќање на душата на градот и создавање мост помеѓу минатото и иднината.
Посебна благодарност до Премиерот Hristijan Mickoski за огромната поддршка и посветеност во реализацијата на овој значаен проект, како и до министерот за култура Зоран Љутков.
Продолжуваме да градиме, за Скопје какво што го заслужуваме.