Трипуновски: СДСМ и Љупчо Николовски ги рекетираат земјоделците

„СДСМ и Љупчо Николовски преку Министерството за земјоделство ги рекетираат земјоделците. Од 4 јавни повици за доделување  земјоделско земјиште под закуп минатата година 2 се поништени без основ”, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека околу 1500 земјоделци кои аплицирале на јавниот повик се оштетени директно со околу 300 евра по апликација, пари кои ги дале за изготвување на елаборати и друга потребна документација, а потоа без основ двата јавни повика се поништени. Тоа се околу 450.000 евра директна штета врз земјоделците.

Трипуновски истакна дека на 25 ноември 2021 година имало јавно отворање на понудите за јавен повик 1/21 и за секоја понуда јавно се кажуваа називот на понудувачот, висината на понудата и на парцелата на кој се однесува понудата. Поништувањето на повикот по јавно отворање каде секој можеше да ги слушне и запише горенаведените информации претставува само по себе преседан. На следно објавување на повикот сите коишто располагаат со овие информации од отворањето се во компаративна предност. Веќе точно ја знаат висината на понудата за секоја парцела и ќе знаат кој колку и каде има аплицирано.

Тој ги повика Љупчо Николовски и СДСМ да го почитуваат законот и да не прават малверзации и нагласи дека наскоро по промената на власта ќе има ревизија на сите јавни повици и огласи и за секоја неправилност ќе има соодветна санкција.

24.01.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа