Трипуновски од Брвеница: Субвенции кои пред се редовно и навремено ќе се исплаќаат кон секоја категорија земјоделец

Техничкиот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со кандидатите за пратеници Александар Велјановски и Стојан Тодороски од ВМРО-ДПМНЕ ги посети општините Брвеница и Јегуновце разговарајќи со земјоделците и политиките за нивна поддршка.

Трипуновски истакна дека ќе се промени состојбата на сегашните постојани доцнења на исплати на субвенции.

-Она што можам со жалење да констатирам дека секаде во Република Македонија сликата е речиси иста. Земјоделците овие три години ги доживеаја најголемите неправди односно потценување на нивниот труд во делот на аграрниот сектор се она што ветуваше СДСМ изминатите години односно во предизборието во 2016 година остана само на хартија, а реалниот сектор немаше никаква помош, рече Трипуновски.

Тој од Брвеница на сите земјоделци им порача дека се обвзруваат да инвестираат преку 640 милиони евра во делот на субвенциите.

-Субвенции кои пред се редовно и навремено исплатени кон секоја категорија земјоделец. Исто така се обрвзуваме да инвестираме 80 милиони евра, односно 20 милиони на годишно ниво во делот на водостопанство бидејќи без навремено и квалитетно наводнување не можеме да зборуваме за рентабилно земјоделско производство и нормално се обврзуваме на еден чесен и искрен однос кон македонскиот земјоделец затоа што после овие тешки години кои ги преживеа со Зоран Заев овие години заслужува да биде на пиедесталот и да биде вреднуван неговиот труд како што заслужува и доликува, изјави Трипуновски.

Заменикот министер и кандидатите за пратеници посетија две фарми и една плантажа во Брвеница и Седларце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа