Трипуновски: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/07/05/tripunovski05072024-1.jpg?itok=QmSFUtjN)
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска 05.07.2024 година додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми.
- Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски традиции. - изјави Трипуновски.
Некои од локалните манифестации имаат голем континуитет на одржување како што се: Деновите на кочанскиот ориз и македонскиот мед до иновативните нови саеми како Саемот на автохтони сорти везенка и науката во функција на развојот, секој настан ја одразува нашата длабоко вкоренета страст за земјоделството и руралниот туризам.
- Во новиот концепт се предвидени поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Заедно, имаме за цел да ги подигнеме земјоделството на завидно ниво во Македонија и да го подобриме руралниот живот. - заврши Трипуновски.
05.07.2024 - 13:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа