Меџити на доделување стипендии и награди за студенти од Фондацијата Албиз
Фондацијата за развој на образованието и култура Албиз денеска ќе додели 175 стипендии за студенти и 15 награди за дипломирани студенти со просек над 9.0, за академската година 2024/2025.
Како што најавија од Фондацијата, на доделувањето на стипендиите и на наградите ќе се обрати Изет Меџити, вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија и Менди Ќира, претседател на ОЕМВП, а гости ќе бидат ректори на универзитети, градоначалници и претставници од бизнис секторот.
Фондацијата Албиз е непрофитна организација која работи во развојот на образованието и културата во Северна Македонија и ја промовира општествената корпоративната одговорност на приватните компании. Фондацијата Албиз спроведува програми и проекти кои го поддржуваат: професионалниот развој на ученици и студентите, неформална едукација на младите, издавање на публикации, маргинализираните групи, интервенции во инфраструктура итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа