Тригодишно дете од Подгорица го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот во Сутоморе, Црна Гора, соопштија од полицијата.

Според првичните и неофицијални информации, кобниот момент се случил при излегување на семејството од автобус. Детето, кое е родено во 2022 година, во еден момент се оттргнало од рацете на својата мајка и истрчало директно на коловозот. Во тој момент на него налетало возило што се движело по магистралниот пат.

По несреќата, детето итно било пренесено во здравствена установа за укажување медицинска помош. И покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, повредите биле премногу сериозни и детето им подлегнало на повредите.

Полициските екипи извршија увид на местото на настанот. Поради истражните дејствија и интервенцијата на надлежните служби, сообраќајот на делницата Сутоморе – Петровац беше целосно во прекин во текот на траењето на увидот.

Exit mobile version