Три состојки и две минути ви се потребни за да не ви замрзнат стаклата од автомобилот

Во пресрет на студеното време, снегот и ниските темпереатури, една од работите која сигурно ги нервира шоферите е замрзнатата шофершајна. Доколку снегот Ве улови неподготвенни, наутро подгответе го овој раствор и заштедете си време и нерви.

Наредните неколку денови најавени се ниски температури под минусот, па подгответе го овој рецепт кој ќе Ви помогне да ја исчистите шофершајната и да не се нервирате уште од рано наутро. 

Во овој раствор одбегнувајте преварена вода, бидејќи стаклото би можело да пукне, па во замена употребете топла вода од чешма.

Исто така, препорачливо е да употребувате шише со прскалка, бидејќи ефектот ќе биде подобар отколку да нанесувате на крпа па на стаклото.

Потребно е:

- 1 децилитар 70 % алкохол

- пет капки детергент за садови

- 4 децилитри топла вода

Во шише со прскалка ставете ги овие течности, затворете и дорбо протресете. Заштитете ја шофершајната од замрзнување, а постапката можете да ја повторите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега