Според најновиот пресек на ДИК, излезноста во вториот круг од локалните избори до 17:00 часот изнесува 34,62 % на ниво на целата држава.
Три општини веќе ја надминаа границата од 60% излезност, покажувајќи најголема заинтересираност за гласање:
Конче 64,44%
Росоман 63,58%
Дојран 62, 9
Најмалку заинтересирани за гласање остануваат жителите на Сарај со само 8,77 % излезност, а потоа следи Чаир со 12,04%.
Меѓу скопските општини, највисока излезност има во:
- Карпош: 40,73%
- Центар: 39,44%
- Аеродром: 36,00%

