Три млади лица го загубија животот, а повеќе други се повредени во две тешки сообраќајни несреќи што се случија во понеделникот вечерта на патиштата во Република Српска, пренесува порталот „Независне.цом“.
Првата несреќа се случила во Зasad пољу каде што животот го загубија двајца млади мажи. Еден од нив починал на самото место, додека 22-годишно момче било пренесено во болницата во Требиње без знаци на срцева активност. Упркoс двочасовната ренимација, лекарите констатирале смрт нешто пред полноќ. Во оваа несреќа повредено е уште едно лице кое е задржано на лекување на Одделението за неврохирургија поради потрес на мозокот, додека неколку други лица се здобиле со полесни повреди.
Истата вечер, трагична сообраќајка се случила и во месноста Дворови кај Бијељина. Според информациите на порталот „ИнфоБијељина“, несреќата се случила околу 22 часот на магистралниот пат Бијељина – Рача, во судир меѓу автомобил и мотоцикл. Од здобиените повреди на местото на настанот починала девојка која се наоѓала на мотоциклот. Втората личност од мотоциклот е пренесена во Ургентниот блок во Бијељина, а степенот на нејзините повреди засега не е официјално соопштен.
Полициските служби извршија увиди на двете локации, а по целосното расчистување на околностите се очекуваат официјални соопштенија од надлежните органи.


