9-годишно дете било физички нападнато од неколку малолетници на спортско игралиште во Тетово, при што се здобило со тешка телесна повреда.
Од МВР соопштија дека на 13 октомври, пет минути по полноќ, во СВР Тетово случајот го пријавил 39-годишниот А.Н. од Тетово. Тој навел дека нападот се случил претходниот ден, околу 19 часот, на спортско игралиште во рамките на тетовско средно училиште.
Во нападот учествувале неколку малолетници, а еден од нив употребил и дрвен предмет. Повреденото дете било пренесено во Клиничкиот центар во Тетово, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


