Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

 


Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство. Тројца повредени во дискотеката во Кочани ќе се лекуваат во Грција, во тек се и понатамошни организации. Вака одговорија од Кризниот штаб при Министерството за здравство за МИА, по големата несреќа рано утрово, во која има голем број загинати и повредени при пожар во дискотека.

- Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање, одговорија од Штабот за МИА.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

16.03.2025 - 13:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега