Во наредните неколку дена, астролошките околности ќе донесат поволни промени кои директно ќе се одразат врз финансиите. По извесен период на стагнација и неизвесност, три хороскопски знаци имаат најголеми шанси за неочекувана заработка, зголемување на платата или враќање на стари долгови.
Според астролошките предвидувања, ова се знаците за кои се отвораат нови могужности до крајот на неделава:
- Овен: По неколкумесечен вложен труд кој останувал незабележан, на крајот од работната недела следува клучен разговор за кариерата. Овните ги чека можност за подобро платена позиција или покачување на платата што ги надминува нивните очекувања.
- Лав: За Лавовите сабота носи значително олеснување. Можен е ненадеен прилив на пари што одамна престанале да ги очекуваат – преку отплата на задоцнет долг, заостаната плата, наследство или друг непредвиден извор, што ќе им овозможи помирно планирање на иднината.
- Водолија: Хобито или дополнителниот интерес на Водолиите до крајот на неделата може да прерасне во стабилен извор на приход. Понудата за соработка или деловниот предлог ќе пристигнат неочекувано, претворајќи го она што го правеле од љубов во профитабилен бизнис.
Додека за останатите знаци уште се чека поволниот момент, за Овните, Лавовите и Водолиите оваа недела носи отворање на вратите кон поголема финансиска стабилност.


