Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска истакна дека приближно третина од борбите на фронтот, во војната со Русија, се водат во регионот Покровска, на југоистокот на Украина.

– „Триесет отсто од сите борбени операции на фронтот се одвиваат во Покровска. Дополнително, 50 отсто од сите употреби на наведувани бомби се упатуваат кон Покровск. Разберете колку ни е тешко“, рече Зеленски на прес-конференција, пренесува Укринформ.

Тој додаде дека штабот на одбранбените сили ја разгледал и ситуацијата во врска со Купјанск.

Зеленски истакна дека на Лиманскиот и Краматорскиот правец нема промени, додека борбите продолжуваат во Костјантиновка и Добропиље.

Exit mobile version