Close Menu
    Најново

    Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно

    28.01.2026 во 09:25

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини

    28.01.2026 во 09:17

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра: Работниците денеска излегуваат на улица

    28.01.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно
    • Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во две општини
    • Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра: Работниците денеска излегуваат на улица
    • Времето денеска претпладне облачно, од вечерва дожд и снег низ цела Македонија
    • Мицкоски: Планирам регионална иницијатива за енергетски инвестиции, тоа е иднината
    • Ѓорѓиевски прошета крај Вардар со министерот Ристовски: Кејот од утре ќе добие нов лик
    • Зеленски е подготвен за средба со Путин
    • МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно

    Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно

    28.01.2026 во 09:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната и натаму останува во прекин поради протестот на превозниците од Западен Балкан. Камионските транспортери од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90/180 дена.

    Според првичните проценки на стопанските комори, блокадите предизвикуваат огромни штети кои на дневно ниво изнесуваат околу 100 милиони евра за целиот регион. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека ова прашање е отворено со Европската комисија уште од септември и очекува наскоро да се најде решение.

    „Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите“, изјави Мицкоски.

    Од асоцијацијата „Макам-транс“ посочуваат дека сегашните правила се економски неодржливи бидејќи возачите се принудени да паузираат три месеци. Генералниот секретар Билјана Муратовска вели:

    „Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците.“

    Поддршка на протестот најавија и превозниците на патници. Претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, предупреди:

    „Нашата заложба е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.“

    Од асоцијацијата „Бест мобилити – НТА“ бараат возачите да се признаат како „мобилни работници“ со сертификати за професионална компетентност. Претседателката Оливера Миовска упати апел за единство и итен дијалог со Брисел преку државните институции.

    Популарно

    Мицкоски и Муцунски ги отворија вратите за светските гиганти како „Филипс“

    27.01.2026 во 13:19

    Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери 

    27.01.2026 во 22:26

    Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра

    27.01.2026 во 22:04

    Ѓорѓиевски прошета крај Вардар со министерот Ристовски: Кејот од утре ќе добие нов лик

    27.01.2026 во 23:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.