Трет бран на коронвирусот во Унгарија: Продавниците нема да работат 2 недели- училиштата и градинките еден месец!

Унгарија ќе ги затвори речиси сите продавници и услужни претпријатија на две седмици, како и училиштата и градинките кои нема да работат еден месец.

Продавниците, освен прехрамбените, аптеките и бензинските станици ќе мора да бидат затворени, а работата на услужните претпријатија, со исклучок на оние кои се за здравствена заштита ќе биде суспендирана во периодот од 8-ми до 22-ри март.

Овие мерки унгарската влада ги носи со цел државата да се избори со третиот бран на инфекции со коронавирусот, соопшти шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељи Гуљаш.

Градинките и основните училишта ќе бидат затворени во периодот од 8-ми март до 7-ми април, додаде тој.

Теретаните исто така ќе бидат затворени на две седмици, но лиценцираните спортисти ќе можат да тренираат и да се натпреваруваат зад затворени врати.

Парковите и натаму ќе останат отворени, а луѓето ќе може да спортуваат на отворено, под услов да одржуваат дистанца од најмалку метар и пол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа