Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања, укажа дека се уште до Собранието не се доставени измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои треба да се зголеми износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост, и покрај тоа што амандманот за зголемување на надоместокот беше прифатен со ребалансот на Буџетот во јули 2025 година.

Тренчевска упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, кога ќе се  донесат измените и дали ќе има зголемување во 2026 година на сите права од детска и социјална заштита.

Exit mobile version