Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.
Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема.
Прашањето на Тренчевска до Велковски беше, како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средсства.
Актуелно
- Заврши амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026
- Меџити: Оваа Влада има најбројно мнозинство
- Планот за Украина се менува: Трамп му верува повеќе на Виткоф отколку на Рубио
- Штајнмајер: Европа мора посамоуверено да настапува како економска сила
- Николоски: Се надевам дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира
- Николоски: Наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид
- Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Кралството Шпанија
- Петкоска: Измените на Кривичниот законик се силно поддржани од стручната јавност

