„Требало да те фрлат во ѓубре, не е чудно што мајка ти те оставила“: Милица преживеала пекол (ВИДЕО)

 

Пејачката Милица Павловиќ имаше подеми и падови во текот на кариерата, но сега конечно е задоволна од своите успеси.

Секогаш истакнува дека успехот не го постигнала лесно, а сега откри низ какви ужаси поминала, пред се поради песната „Секси сењорита“.

-Доживеав да ми пишат: „Требаше да те фрлат во ѓубре кога си се родила, требаше да те убијат“. Имаше и коментар: „Не е ни чудо што мајка ти те остави, требаше да те изгорат. Таква си затоа што те одгледале баба ти и дедо ти“. Ме боли таа тема. Што ако на моето место имаше 15-годишно девојче? Луѓето не можат да ја поднесат таа количина на негативност. Мора да има закон за сајбер малтретирање. Не сакам да живеам во општество во кое секој може да повикува на линч, истакнува Милица.

14.04.2022 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега