Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики на сметка на Канада, оценувајќи дека земјата „се уништува самата себеси“ поради, како што тврди, доаѓањето на милиони луѓе без соодветна контрола и проверка. Според него, ваквите политики создаваат проблеми кои наскоро ќе бидат преголеми за решавање.

„Канада се уништува самата себеси со тоа што им дозволува на милиони и милиони луѓе да влезат во земјата, практично без контрола и проверка, кои создаваат проблеми што наскоро ќе бидат преголеми за решавање“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Тој оценил дека станува збор за „либерално преземање“ на Канада, кое според неговите предвидувања „ќе заврши многу лошо“.

Видливи последици врз економијата и пазарот на труд

Како дополнителен аргумент за своите тврдења, американскиот претседател истакна дека негативните последици од ваквите политики се веќе евидентни, при што особено ја нагласи високата стапка на невработеност во Канада

Exit mobile version